Валчак: Имаме ракометари што ги знаат „финтите“ на Раул

Во претстојната рунда од ракометната Лига на шампионите, Вардар ќе се соочи со Пари Сен Жермен предводен од тренерот со кој црвено-црните“ ја освија првата титула во елитното натпреварување. Токму тоа што во тимот има играч кои одлично го познаваар Раул Гонзалес може да биде предност за Вардар смета пикерот, Патрик Валачк.

„Можам да кажам дека се подготвуваме за Париз, ги анализираме и речиси сме подготвени со тактиката за тоа како ќе игра против ПСЖ. Ние го знаеме системот на Раул бидејќи дел од ракометарите тука имаат соработувано со него, па тие ги знаат неговите ‘финти’. Знаеме како ќе биде и се надеваме дека ќе освоиме два бода во Париз“ – порачува Валчак.

Се вчитува...