Валенсија е пресилна за Алавес

Фудбалерите на Валенсија заслужено славеа над Алавес со 3-1, уште повеќе зацврстувајќи се на место кое значи и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

За „лилјаците“ ова беше петта победа во последните шест натпревари, откако целосно доминираа во текот на сите 90 минути. Мечот беше решен уште во првото полувреме, откако Родриго и Заза биеја прецизно за водство од 2-0. Собрино намали на 2-1 на почетокот од второто полувреме, а конечните 3-1 ги постави гостинскиот фудбалер Лагуардиа со автогол.

Валенсија сега има два бода повеќе од Реал Мадрид на третото место, и огромни „плус четиринаесет“ во однос на Севилја на петтата позиција на табелата.

Се вчитува...