Валенсија го освои „Санчез Писхуан“ (ВИДЕО)

Валенсија славеше на гостувањето кај Севилја со 1-2 во деби натпреварот за двата тима во новата сезона во шпанската Ла лига.

Откако по првото полувреме мируваа мрежите, гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Диакаби во 60. минута. На 1-1 израмни Ен Незири во 70. минута.

До крајот за издвојување е и црвениот картон кој го заработи фудбалерот на домашните Балде во 81. минута, што се покажа како клучен момент на натпреварот, откако гостите ја искористија бројчаната предност на теренот и со голот на Mорено во 89. минута стигнаа до конечен триумф од 1-2.

Sevilla 1 – [2] Valencia – Javier Guerra Moreno 88‎’‎
by u/MarcoRuss in soccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...