Валенсија го отпушти тренерот Селадес

Шпанскиот прволигаш Валенсија го отпушти тренерот Алберт Селадес. По серијата лоши резултати откако тимот ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите, раководството на Валенсија се одлучи за разделба со Селадес.

До крајот на првенството негов наследник на клупата треба да биде Салвадор Воро Гонзалес. Валенсија нанижа осум порази на последните 13 натпревари и сериозно го расипа пласманот, а до крајот на Примера ќе се бори за пласман во Лигата на Европа.

Шпанските медиуми тврдат дека од следната сезона клубот ќе го води поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде. Тој веќе бара нов дом во Валенсија и го подготвува списокот за нови засилувања во летниот преоден рок.

Се вчитува...