Валенсија го престигна Реал Мадрид

Валенсија ја продолжи серијата одлични игри на домашен терен триумфирајќи со 1-0 над Еспањол, три бода со кои „лилјаците“ го прескокнаа Реал Мадрид на третата позиција на табелата.

Домаќините беа подобар противник на теренот, а единствениот гол го постигнаа во седмата минута преку Родриго. Валенсија сега има 65 бода, еден повеќе од Реал и дури 16 повеќе од Бетис на петтата позиција, па јасно е дека тимот од „Месталја“ во наредната сезона повторно ќе го гледаме во Лигата на шампионите.

Се вчитува...