Столе Димитриевски официјално е нов член на Валенсија, откако “лилјаците” го промовираа репрезентативниот голман.
Договорот на Димитриевски е на две години, до 2026 година.
Тој доаѓа од Рајо Валјекано за кој беше стандарден во изминатите неколку години, и стана најдобар голман во историјата на овој тим.
Димитриевски ќе биде првиот Македонец во Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА