Валенсија и Челси ремизираа на „Месталја“, триумф на Зенит

Валенсија и Челси ремизираа (2-2) на „Месталја“ во интересен натпревар со многу шанси, во кој шпанскиот тим не успеа да искористи и пенал. Дани Парехо не реализираше во 65.минута, Кепа Аризабалага го одбрани неговиот удар.

Карлос Солер во 40.минута ги доведе „лилјаците“ во водство, а Матео Ковачиќ израмни само една минута подоцна. Пулишиќ донесе пресврт во 50.минута, а потоа Дани Парехо пропушти огромна шанса за израмнување од белата точка. Сепак, Валенсија стигна до нерешен резултат со голот на Даниел Вас во 82.минута, а Родриго во последните мигови пропушти одлична шанса и за триумф.

Валенсија и Челси по пет кола имаат по осум бода во групата Х.

Зенит си ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата со триумфот над Лион од 2-0. Артем Ѕјуба го отвори резултатот во 42.минута, а Магомед Ождоев ја потврди победата на рускиот тим. Зенит сега има седум бода, исто колку и третопласираниот Лион, два бода помалку од лидерот Лајпциг.

Се вчитува...