Валенсија ја одбрани „Месталја“ од Атлетико Мадрид

Валенсија по ремито (2-2) против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, уште еднаш ремизираше против голем ривал од Мадрид. Овојпат „лилјаците“ ја одбранија „Месталја“ од тимот на Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид имаше повеќе од играта на овој меч, но, сепак, не успеа да постигне победнички погодок. Гаитан и Вието имаа убави шанси за „јорганџиите“, но Нето не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Се вчитува...