Валенсија не го преживеа „белградскиот пекол“, голема победа за Жалгирис

Кошаркарите на Црвена Звезда ги задржуваат шансите за топ 8 во Евролигата откако вечерва на домашен терен ја совладаа шпанска Валенсија со 92-73. Клучната разлика во натпреварот „црвено-белите“ ја направија во втората четвртина, која беше доволна за конечен триумф од 92-73. Филип Петрушев со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Радебау постигна 14 поени.

Во првиот натпревар од денешната програма литванскиот Жалгирис Каунас направи голем чекор во борбата за топ 8 откако на домашен терен славеше против фаворизираниот француски Монако со 79-70.

Игнас Браздеикис со 22 поени беше убедливо најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените по 13 поени постигнаа Мотеијунас и Лојд.

Се вчитува...