Валенсија не запира, потпишан и Черишев

Валенсија по неколку години пауза повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, а управата на клубот настојува што повеќе да го засили играчкиот кадар во пресрет на новата сезона. „Лилјаците“ продолжуваат со интензивните преговори во овој период, па денеска потпишаа договор и со Денис Черишев. Рускиот ас, кој имаше успешен настап на последниот Мундијал, доаѓа на барање на тренерот Марселино, со кого Черишев имаше беспрекорна соработка додека двајцата беа дел од Вилјареал.

„Можеме да потврдиме дека е постигнат договор со Вилјареал околу едногодишната позајмица на Денис Черишев“ – се пофалија попладнево челниците на Валенсија преку клупската веб-страница.

Русинот е третото засилување на Валенсија во последните три дена, откако претходно беа потпишани договори и со Мичу Батшуаи од Челси и со Кевин Гамеиро од Атлетико Мадрид. Речиси сигурно е дека од „Месталја“ ќе си замине Симоне Заза, кој е поврзуван со Бетис и со неколку италијански прволигаши.

Се вчитува...