Валенсија преговара со Оби Микел

Долгогодишниот член на премиерлигашот Челси, Џон Оби Микел, е во преговори со шпанскиот тим Валенсија, потврди спортскиот директор на „лилјаците“, Хесус Гарсија Питарч. Нигериецот веќе 11 години е дел од лондонскиот клуб, а оваа сезона не одиграл ниту еден меч под водство на менаџерот Конте.

„Се сретнавме со Микел во Лондон. Претходно разоваравме со луѓе од Челси, да ни дадат согласност за преговори со Оби Микел. Тој веќе размислува за нашата понуда и во наредните денови ќе го дознаеме одговорот“  – истакна спортискот директор на Валенсија.

Иако се најавуваше дека фудбалерот од средниот ред ќе ја продолжи кариерата во Марсеј, се поверојатно е дека од оваа зима тој ќе настапува во Ла Лига, во дресот на Валенсија.

Се вчитува...