Валенсија се мачеше и со последнопласираната Хуеска: Триумф во 94. минута… (ВИДЕО)

Валенсија игра разочарувачка сезона во Ла Лига, не можејќи со постојани киксеви прописно да се одлепи од дното на табелата. Во 17. коло пред своите навивачи фудбалерите на Валенсија некако успеаја да стигнат до трите бода мачејќи се со последнопласираната Хуеска, но триумфирајќи со 2-1 со гол во 94. минута.

Домашните дојдоа до предност со голот на Парехо во 25. минута.

Но, гостите успеаја да израмнат со погодокот од пенал на Хернандез во 72. минута.

Сепак, победата за Валенсија ја донесе Италијанецот Пицини со гол буквално во последните секунди од натпреварот…


Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...