Валенсија се спаси од пораз против Севилја

Севилја игра одлично оваа сезона во Ла Лига, но немаше среќа на гостувањето на „Месталја“. Тимот од Андалузија беше на прагот на деветтата победа, но Валенсија успеа да израмни на 1-1 во судиското продолжение. Пабло Сарабија беше стрелец на погодокот за Севилја во 55.минута од мечот, но израмни Дијакаби во третата минута од дополнителното време.

Севилја пропушти повторно да биде лидер на табелата, а сега е израмни со Барселона (28), која вечерва го игра градското дерби со Еспањол.

Се вчитува...