Валенсија силно заинтересирана за Димитриевски, но постои еден услов

Македонскиот голман Столе Димитриевски на лето ќе биде слободен агент, откако му истекува договорот со Рајо Ваљекано. Тој би можел да ја промени средината, откако за него се интересираат Валенсија, Бетис и Виљареал.

Според шпански „Релево“, Димитриевски е најблиску до потпис со Валенсија. Македонската „единица“ би можел да биде дел од тимот од „Местаља“, но само под еден услов – да биде продаден Георги Мамардашвили.

Грузиецот кој има одлични настапи за Валенсија, е „мета“ на неколку Премиерлигаши како и од тимови од Шпанија, а од Валенсија сметаат дека сега е вистинскиот момент да го продадат и тој да направи голем исчекор во кариерата. Мамардашвили изјави дека е среќен во Валенсија, но сигурно дека тимот нема да може да одолее доколку добие добра понуда. Неговата цена се проценува на околу 40 милиони евра.

Челси е тимот кој што се интересира за Мамардашвили, но и Арсенал. Доколку се случи да замине во некој подобар клуб, тогаш Димитриевски би можел како слободен агент да го замени на „Местаља“.

Се вчитува...