Валиева изненади со оправдувањето за допинг: „По грешка ги земав апчињата на дедо ми“

Камила Валиева, 15-годишната Русинка која влезе во центарот на скандалот на ЗОИ во Пекинг, доби дозвола да се натпреварува во уметничко лизгање.

Валиева успеа да освои злато во екипното натпреварување, и воодушеви кога стана прва жена која направи четикружно вртење. Оваа 15-годишна спортистка го воодушеви Светот, а потоа влезе во скандал откако беше објавено дека на  25. декември паднала на допинг тестот затоа што била позитивна на триметазидин.

Поради тоа е одложено доделувањето на медалите, а ЦАС покрена брза истрага. Валиева на крајот ќе се натпреварува, но ако освои медал, нема да има церемонија на доделување.

Валиева сведочеше и пред ЦАС за овој случај, и многумина изненади со оправдувањето зошто била позитивна.

„Аргументот беше дека тоа се случило затоа што ги помешала таблетите со нејзиниот дедо, и случајно ги земала“, рече Денис Освалд, претседателот на Дисциплинската комисија на меѓународниот олимписки комитет.

Се вчитува...