Валјадолид испадна, па Роналдо го продаде клубот за 50 милиони евра

Роналдо беше горд како газда на Валјадолид кога овој клуб минатото лето влезе во Примера, но изминатата сезона беше разочарувачка за легендарниот бразилски голгетер.

Неговиот тим беше последен на табелата и испадна од елитното друштво, но Роналдо веднаш најде решение и за овој проблем – продавајќи го мнозинскиот пакет на акции. Шпанските медиуми објавија дека Бразилецот дефинитивно ги продал акциите, и тоа за огромни 50 милиони евр на инвестицискиот фонд Игните.

Новите сопственици имаат инвеститори од Мексико, САД и од Шпанија, а во првото соопштение по купопродажбата амбциозно најавија дека примарна цел е експресно враќање во елитното шпанско фудбалско друштво.

Се вчитува...