Валјадолид нема да го задржи Хатем Бен Арфа

Шпанскиот прволигаш Валјадолид ќе се раздели по завршувањето на сезоната со Хатем Бен Арфа. Тој дојде како слободен агент во текот на сезоната, но не успеа да ги убеди стручниот штаб и раководството дека може да биде квалитетно засилување. Најголема замерка се става на неговата недоволна физичка подготвеност.

Валјадолид има опција да го продолжи договорот со Бен Арфа за уште една сезона, но нема да ја искористи. 33-годишниот играч за врска би можел да се врати во Премиер – лигата, а за него интерес појавува Астон Вила. Во минатото тој го носеше дресот на Њукасл и на Стоук во англискиот шампионат, а има настапувано и за Лион, Олимпик Марсеј, Ница, ПСЖ, Рен…

Се вчитува...