Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Валмир Нафиу кариерата ја продолжува во црногорскиот второлигаш Отрант-Олимпик од Улцињ.
29-годишниот Нафиу потпиша договор со првопласираната екипа во Втората лига на Црна Гора до јуни 2025 година. Амбициозниот Олимпик се очекува од следната сезона да биде дел од елитното црногорско фудбалско друштво.
Нафиу е поранешен фудбалер на Шкендија од каде во 2012 година реализираше трансфер во швајцарски Базел а потоа беше дел и од германскиот Хамбургер. Во кариерата настапуваше и за словачки Кошице како и за кипарскиот прволигаш Апоел Никозија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА