Валмир Нафиу потпиша за Шкендија

Македонскиот првак Шкендија го ангажира поранешниот младински репрезентативец Валмир Нафиу. Напаѓачот во изминатиот период беше член на Ренова, а претходно имаше забележителна кариера и во странство. 24-годишниот голгетер всушност се враќа во редовите на Шкендија, од каде пред седум години, како талентирано момче замина во швајцарскиот Базел.

Нафиу беше член и на германскиот Хамбургер, потоа се пресели на Кипар во редовите на АПОЕЛ, а играше и во албанскиот Скендербег. Минатата сезона ја мина во дресот на Ренова, каде на 35 натпревари постигна седум гола.

Се вчитува...