Валон Бериша потпиша за Лацио

Италијанскиот калчолигаш Лацио се засили со косовскиот интернационалец Валон Бериша, кој доаѓа од австрискиот клуб Ред Бул Салцбург. За него „лацијалите“ ќе платат 7,5 милиони евра отштета. Тој веќе ги изврши лекарските прегледи, а денеска двата клуба комплетно го договорија трансферот.

„Лацио го потврдува ангажманот на Валон Бериша од Ред Бул Салцбург. Тој потпиша петгодишен договор со клубот“, објави италијанскиот тим.

Бериша од 2012 до 2018 година го носеше дресот на Салцбург, одигра 165 натпревари за овој тим и постигна 31 гол.

 

Се вчитува...