Валон Етеми донесе гостинска победа за Истанбулспор против лидерот Анкарагучу (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми повторно е најзаслужниот за триумф на Истанбулспор во 24. коло од Првата лига на Турција.

Истанбулспор триумфираше со 0-1 на гостувањето против Анкарагучу благодарение токму на погодокот на Етеми во 23. минута од средбата.

Ова е петти гол сезонава за Етеми во втората по квалитет турска лига. Македонскиот репрезентативец одигра 86 минути на дуелот кога беше заменет.

Истанбулспор со овој триумф останува во трката за влез во Суперлигата на Турција од следната сезона.

Се вчитува...