Валон Етеми во идеалниот тим на втората турска лига (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, член на турскиот второлигаш Истанбулспор, е избран во тимот на полусезоната во второто по ранг натпреварување во Турција.

Етеми имаше одлично одиграно полусезона во дресот на Истанбулспор запишувајќи три погодоци и пет асистенции на 17 натпревари, па сосема очекувано се најде во идеалниот тим на полусезоната.

Истанбулспор во пролетниот дел од првенството ќе се бори за место во Суперлигата на Турција. Етеми игра на крилните офанзивни позиции.

Се вчитува...