Валтер: Многу лош натпревар, многу ракометари одиграа под нивото

Еурофарм Пелистер ремизираше 27-27 против португалскиот претставник Агуаш Санташ, не стигнувајќи до посакуваната победа со која битолчани ќе си го трасираа патот кон нокаут фазата од Лигата на Европа на ЕХФ. Голманот Кизиќ беше херојот на битолчани со неколку извонредни интервенции, меѓу нив и онаа последната кога во завршните секунди го запре нападот за победа на гостите од Португалија.

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер е незадоволен велејќи дека одиграле еден многу лош натпревар…

„Одигравме лош натпревар. Мислам дека многу наши клучни играчи одиграа под нивото. На крајот, сакам да им честитам на нашите противници од Португалија“, изјави Валтер по натпреварот.

Се вчитува...