Еурофарм Пелистер одигра уште еден катастрофален натпревар во Лигата на Европа на ЕХФ, губејќи на домашен терен од Мотор со 25-27, резултат што значи и елиминација на македонскиот вицепрвак од ова европско натпреварување. Битолчани играат многу слабо од почетокот на оваа 2023 година во европските купови, не успеаја да се опорават ниту на денешниот клучен меч, што заслужено го загубија откако во огромен дел имаа резултатска негатива.
Тренерот на „зелено-белите“, Ларс Валтер не го криеше големото разочарување по мечот…
„Сакам да му честитам на противникот за извојуваната победа и пласманот понатаму. Исто така сакам да се заблагодарам на публиката за одличната атмосфера. Тажен и разочаран сум од конечниот резултат. Ние промашивме многу шанси во клучните моменти, додека тие беа смирени и прецизни во тој сегмент. Ова беша таков тип на натпревар и мислам дека тоа пресуди“, изјави Валтер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА