Валтер: Заслуживме фајналфор, мило ми е што ја израдувавме Битола

Пелистер успеа да се пласира на фајналфор турнирот во Задар, прво учество на битолскиот клуб на завршницата од регионалната СЕХА-лига.

Ларс Валтер има тешка задача да го вкомпонира тимот со голем број на нови ракометари, но данскиот стратег успеа да состави победничка комбинација за дуелот со Мешков Брест.

„Сакам да им честитам на моите момци за победата. Бевме одлични во одбраната, одигравме многу лошо во напад, но на крај постигнавме еден гол повеќе од противникот и заслуживме да победиме. Ние сме слична екипа како и Мешков Брест, тим во конструкција и не може да идеално на почеток на сезона. Сепак, покажавме карактер и ги израдувавме нашите навивачи“, изјави Валтер.

Се вчитува...