Валтери Ботас го напушта Мерцедес – Следната сезона дел од Алфа Ромео

Финскиот возач во Формула 1, Валтери Ботас следната сезона ќе биде дел од Алфа Ромео, потврдија од клубот. Финецот во тимот доаѓа како замена за неговиот сонародник, Кими Раиконен кој по крајот на сезоната ќе стави крај на богатата кариера.

Како замена за Ботас во Мерцедес ќе биде младиот Џорџ Расел.

Ботас во Мерцедес стигна во 2017 година откако претходно во периодот од 2013 до 2016 беше дел од Вилијамс.

 

Се вчитува...