Валверде го продолжи договорот со Реал Мадрид

Феде Валверде го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2027 година. Раководството на клубот во овој фудбалер гледа светла иднина во проектот Лос Бланкос. „Кралскиот клуб“ не застанува на крајот од преодниот рок, управата постојано работи на доведување на Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен, но додека тоа не се реализира, се обидува да ги задржи играчите на кои смета на долгорочен план.

Еден од нив е сигурно е Валверде. Тој е играч роден 1998 година во Монтевидео, кога скаутите на Реал го забележаа уште додека беше во младинските категории, па го чекаа полнолетството за официјално да го донесат во Мадрид. По пристигнувањето во главниот град на Шпанија, тој го продолжи своето фудбалско образование во младинската школа на кралскиот клуб, Кастилја. Потоа следуваше позајмица во Депортиво, каде што докажа дека има квалитет на елитен играч, кој е способен тоа да го докаже и во првиот тим на Реал.

Во летото 2018 година, тој се врати на „Сантијаго Бернaбеу“, кога Лопетеги ја донесе конечната одлука да го задржи Уругваецот.

Се вчитува...