Валверде го сака Дани Парехо на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во тимот, по заминувањата на Андрес Иниеста и на Паулињо. Раководството на клубот преговара со ПСЖ за ангажман на Адриен Рабио, но тренерот Ернесто Валверде го прошири видокругот и со Дани Парехо.

Капитенот на Валенсија имаше одлична сезона во Примера, а соработуваше со Валверде во сезоната 2012/13. Неговата отштетна клаузула изнесува 50 милиони евра, што и нема да претставува посебен проблем за Барселона, со оглед дека истата сума ја добија за продажбата на Паулињо.

Се вчитува...