Валверде го заштити Дембеле: И јас сум доцнел на тренинзи…

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го стави под заштита Осман Дембеле, кој стана проблематичен откако неколкупати задоцни на тренинзите на тимот. Тој постигна решавачки голови за Барса, но постојано е проблематичен кога е дисциплината во прашање.

„Знаев дека ќе ме прашате за Дембеле. Точно е, се случија некои работи, но тоа е внатрешен клупски проблем. Ова е нова ситуација и ние сакаме да му помогнеме на фудбалерот, затоа што има неверојатен талент. Сакаме да го извлечеме максимумот од него. Сепак, сите во клубот мораме да ги почитуваме правилата и истите важат и за Дембеле. Кога ќе победиш со 4-0 во градското дерби, очекуваш мирна седмица, но, ќе го решиме и ова без никакви турбуленции. И јас како фудбалер сум доцнел на тренинзи“, изјави Ернесто Валверде.

 Барселона вечерва на „Камп Ноу“ го пречекува Тотенхем во последното коло од групата Б во Лигата на шампионите.

Се вчитува...