Валверде: Гризман во Барселона? Знам дека вечерва ќе игра против нас…

Атлетико Мадрид вечерва на „Ванда Метрополитано“, својот нов стадион, ќе ја пречека Барселона во дербито на колото во Ла Лига, а во фокусот на вниманието е Антоан Гризман. Тренерот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, не одговори конкретно на прашањето дали Французинот би можел од идната сезона да пристигне на „Камп Ноу“.

„Гризман во Барселона? Единствено што знам е дека вечерва тој ќе игра против нас, во дресот на Атлетико Мадрид. За се друго ќе треба да се обратите на друго место. Во моментов сите ние сме фокусирани само на натпреварот против Атлетико Мадрид. Верувам дека ќе одиграме квалитетен меч и дека ќе ја продолжиме серијата која ја имавме пред репрезентативната пауза“, изјави Ернесто Валверде во најавата на вечерашното дерби.

Барселона има максимален ефект од седум победи во првите седум кола од Ла Лига, додека Атлетико Мадрид забележа триумфи на последните два меча на домашен терен кои ги играше на својот нов стадион.

Се вчитува...