Валверде има план, Кулибали за поцврста одбрана на Барселона

Барселона не игра според очекувањата на фановите, ниту според вкусот на тренерот Ернесто Валверде. На последните неколку натпревари, одбраната на каталонскиот тим е многу ранлива, а тоа го наведе шефот на стручниот штаб да размислува за нови засилувања веќе во јануари. Валверде го посакува Калиду Кулибали, дефанзивецот на Наполи, како засилување за одбранбениот бедем во неговиот состав.

Кулибали потпиша нов долгорочен договор со „наполитанците“ и неговиот ангажман на „Камп Ноу“ нема да биде лесна мисија за раководството. Шпанските медиуми шпекулираат дека Барселона подготвува сума од 70 милиони евра за квалитетниот дефанзивец.

Се вчитува...