Валверде: Меси не оди никаде, а ќе добиеме уште засилувања

Тренерот на шпанскиот великан Барселона, Ернесо Валверде ги отфрли медиумските наводи дека Лионел Меси на крајот на август го напушта „Камп Ноу“.

Аргентинецот се уште не го продолжил договорот со Барса, поради што медиумите шпекулираат за негово заминување. Британците веќе пренесуваат дека Меси би можел да се пресели во Манчестер сити за неверојатни 300 милиони евра. Но…

„Меси е сосема во ред. Тренира и се е како што отсекогаш и било, без никакви проблеми. Нема сомнеж дека Меси останува со нас, а до крајот на преодниот рок може да добиеме уште засилувања. Исто така може и да останеме без некого. Но, сите клубови се во иста ситуација, сите се обидуваат сега да ги комплетираат составите за сезоната“ – вели Валверде.

Се вчитува...