Валверде: Ова е фудбал, некогаш се слави, некогаш се пати

Ернесто Валверде е во шок откако неговиот тим претрпе пораз од 3-0 во Рим и беше елиминиран од Лигата на шампионите. Улогата на апсолутен фаворит не беше оправдана иако Барса имаше предност од 3-0 од првиот меч, а Валверде немаше конкретно објаснување што точно се случи за да дојде до тотален распад во играта на неговиот тим.

„Не можевме да ја играме нашата игра, противникот силно притисно и не ни дозволи да влеземе во ритам. Ова е фудбал, некогаш се слави, некогаш се пати, вечерва ние сме разочараните. Сите сме во шок, но ќе мора што поскоро да се опоравиме бидејќи пред нас се две натпреварувања на кои атакуваме на пехари“ – истакна Валверде.

Се вчитува...