Валверде: Сите сме среќни што можеме да го гледаме Меси

Барселона тргна триумфално во новата сезона, а најзаслужен за тоа како и вообичаено беше Лионел Меси. Аргентинецот постигна два од трите гола во победата над Алавес, оној првиот беше и јубилеен 6.000 гол на Барселона во Примера дивизион.

„Ако знаете дека го дал голот број 5.000, а сега и 6.000 за Барса во ЛА Лига, или е многу среќен или е многу добар… јас мислам дека Меси е она второто. Тој е генијалец, го гледа фудбалот на начин на кој другите не можат ни да замислат. Сите секогаш уживаат кога го гледаат, а замислете како ми е мене што го имам во својот тим. Сите сме среќни што можеме да го гледаме Меси како прави мајстории во дресот на Барса“ – изјави тренерот Ернесто Валверде.

Тој неочекувано го изостави Кутињо од стартниот тим, но по мечот откри дека причината е што Бразилецот се приклучи меѓу последните на подготовките.

„Знаеме за што е способен Кутињо, но не сакав да ризикувам да игра 90 минути кога не ги мина целите подготовки. Почнавме со Серхио Роберто и ако тој реализираше некоја од шансите ќе продолжевме во ист стил. Како и да е, добро е што имаме толку многу опции во тимот“ – истакна Валверде.

Се вчитува...