Ван Бастен со лудо барање до ФИФА: Укинете го офсајдот, попрво ќе гледам филм отколку Атлетико!

Еден од најдобрите центарфори на сите времиња, Марко Ван Бастен, поранешната ѕвезда на Ајакс и Милан, кој беше и холандски селектор, а работеше и во ФИФА посочи дека единствен „лек“ за анти-фудбалот кој го играат екипи како Атлетико Мадрид е да се укине офсајдот!

Диего Симеоне и Атлетико Мадрид се најдоа на жесток удар поради двојниот блок со по пет фудбалери и формацијата 5-5-0 против Манчестер сити (0-1), а најмногу поради тоа што мадридскиот гигант потроши стотици милиони евра за засилувања во последнивем години, во најголем дел за фудбалери од офанзива, а на теренот играат тотален – анти-фудбал.

„Претешко е да се даде гол на ваква поставеност. И овој фудбал не е убав за гледање. Попрво би сменила канал и би гледал филм, отколку тој фудбал. Мислам дека истото би го сториле и најголем дел од публиката. ФИФА мора да најде начин како да направи промени, како фудбалот да остане интересен, на ваква игра единствена одлука е да укинете офсајд. Не е поента да бараме кривец, тренер, екипа, зашто во фудбалот секој може да постави стратегија како што сака и како му одговара, но ваквиот фудбал повеќе не е интересен, не е убав за гледање и ги одвраќа навивачите“, рече Ван Бастен.

Ван бастен и додека беше дел од ФИФА се залагаше за укинување на офсајдот, но такво нешто не дојде ни на дневен ред за разговори на единственото тело за менување на правила, Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ).

Се вчитува...