Ван Бисака со автогол му донесе радост на Челси

Челси ја остави зад себе резултатската криза, славејќи со 2-1 на домашен терен над Вест Хем и искачувајќи се на четвртото место на табелата, притоа прескокнувајќи ги Манчестер Сити и Њукасл.

Тимот на Енцо Мареска од средината на декември падна во сериозна криза, но италијанскиот стратег дефинитивно може да биде задоволен од покажаниот карактер на своите изсбраници, особено откако Вест Хем прв поведе преку Боувен пред самиот крај на првото полувреме.

Мареска направи неколку измени, а токму „резервистот“ Нето биеше прецизно за израмнување на 1-1, пред Ван Бисака со автогол да донесе огромна радост меѓу домашните фанови на „Стемфорд бриџ“ по ударот на Кол Палмер.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...