Ливерпил го претпе и вториот пораз едно по друго во Премиерлигата губејќи во дербито на 7. Коло од страна на Челси на „Стемфорд Бриџ“.
Трите бода за „сините“ ги донесе Естевао со гол во судиското продолжение на вторто полувреме, гол што предизвика револт кај капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк кој влезе во вербален конфликт со судијата по последниот свиреж.
Холандскиот стопер за англиските медиуми говореше на оваа тема откривајќи детали за разговорот.
„Видов дека се радуваа и имаа секакво право за тоа. Но, мислев дека прославата на голот траеше повеќе од две минути па затоа погледнав на семафорот кога означи крај на натпреварот и беше 98. Минута. Си помислив „Како е тоа можно?“
Само сакав да разговарам со него за тоа. Не бев лут или агресивен. Барав само логика зошто не го продолжи натпреварот повеќе. Сепак фокусот не треба да ми биде таму. Треба да се подобриме. Тоа мора да биде главниот фокус“, изјави Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

