Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се огласи по ремито со Барнли (1:1) во Премиер лигата. Тој кажа дека е фрустриран, но и дека не ја разбира реакцијата на навивачите, кои со исвиркувања ги испратија фудбалерите кон соблекувалната.
Сепак, капитенот на Ливерпул кажа дека на играчите им е потребна поддршка во миговите кога тимот ја чека првата победа во 2026 година.
„Фрустрацијата е збор кој ми се мота низ глава. По 60 минути игравме лошо и ова прашање мора да го решиме. За ова зборурувавме, но ќе мора одново да го разгледаме. Имаме два дена да ја анализираме ситуацијата. Ќе направиме анализа, а потоа ќе преземеме акција. Тоа е реалноста и ни недостасува поддршка. Не го оправдувам исвиркувањата од нашите навивачи“, рече Ван Дајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

