Ван Дајк не мрда од Ливерпул!

Вирџил ван Дајк ќе ја мине и следната сезона во дресот на Ливерпул, одлуката е донесена и дефинитивно нема да се промени по последните разговори што одличниот дефанзивец ги имал со управата на клубот и со новиот тренер Ираола.

Веднаш по завршувањето на настапот на Холандија на СП 2026 се појавија информации дека холандскиот ас ќе си замине од „Енфилд“ во потрага по нов предизвик, откако и самиот клуб прифатил ваква варијанта за да избегне Ван Дајк следното лето да замине без никаква отштета, како што тоа го сторија Александер Арнолд, Конате, Салах…

Сепак, добро упатени извори од клубот тврдат дека тоа нема да се случи, Ван Дајк веќе разговарал и со управата и со Ираола, изразувајќи решителност да остане и да помогне Ливерпул повторно да се бори за трофеи на англиската фудбалска сцена.

Ливерпул веќе го загуби Конате летово и нема намера да остане без уште еден стандарден дефанзивец. Како замена за Французинот е доведен неговиот сонародник Жаке, а се очекува Ливерпул да ангажира уште еден централен дефанзивец во текот на овој преоден рок.

Се вчитува...