Дербито на Мерсисајд помеѓу Евертон и Ливерпул заврши со победа на Ливерпул од 1-2. Со тоа „црвените“ се доближија до место во Лигата на шампионите идната сезона. Мечот миан во многу возбудувања, а беше решен во последните моменти од мечот откако Ван Дајк успеа да погоди во 10. минута од судиското надополнување.
Ливерпул прв поведе во 29. минута од мечот откако Гакпо испрати одлична топка до Салах, кој излезе сам од десната страна и го совлада Пикфорд.
Евертон израмни во 54. минута од средбата. Акција од левата страна и долга топка до Миколенко, кој додаде до Бето кој од прва го совлада Мамардашвили, кој притоа се повреди и мораше да го напушти теренот.
Ливерпул стигна до победа во 100-тата минута, однсоно десетата во судиското надополнување. По изведен корнер, Ван Дајк најдобро се снајде во шеснасетникот и со глава го совлада Пикфорд.
Астон Вила во меч со седум голови, успеа да го совлада тимот на Сандерленд со 4-3, и да направи голем чекор во трката за Лигата на шампионите. Воткинс уште во 2. минута донесе предност, израмни Риг во деветата минута. Воктинс во 36. минута донесе нова предност. Роџерс во првата минута од вториот дел донесе и 3-1 за тимот од Бирмингем.
Сандерленд стигна до „егал“ за само две минути. Хуме и Исидор во 87. минута донесоа израмнување, но Тејми Ебрахам во третата минута од судиското надополнување донесе триумф за Астон Вила.
Нотингем Форест со 4-1 го совлада тимот на Барнли, и тоа со пресврт откако гостите поведоа во финишот од првиот дел, а потоа четири голови во вториот дел за конечен триумф на „шумарите“. Гибс-Вајт погоди три пати, додека Игор Жесус во 98. минута ги постави конечните 4-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
