Ван дер Сар ја открива тајната на успехот на Роналдо

Едвин Ван дер Сар ја открива тајната на успехот на Кристијано Роналдо да биде еден од најдобрите во историјата на фудбалот.

Во периодот кога Ван дер Сар беше голман на Манчестер јунајтед, со приближно ист талент како Португалецот беше и Вејн Руни. Но, значително подобра кариера реализираше Роналдо…

„И двајцата даваа се од себе, но Роналдо направи исчекор во однесувањето надвор од терените. Тој и надвор од теренот беше детално фокусиран на се поврзано со фудбалот, како прописен одмор, работа на телото, спортски живот… Исто така после секој тренинг, остануваше сам на индивидуална работа“ – вели Ван дер Сар кој поради Роналдо морал да останува на терен и после тренинг…

„Ќе дојдеше и ќе ми кажеше ‘Едвин, можеш ли да застанеш на голот?’ Ќе му кажев дека сум стар и подобро е да замоли некој од помладите голмани, но инсистираше да бидам тоа јас затоа што сакаше баш мене да ми даде гол. Сакаше квалитетот со квалитет да го мери“ – се потсетува холандскиот голман, дополнувајќи дека Роналдо е одличен како личност, а медиумската слика со него нема никаква врска со реалноста.

Се вчитува...