Ван дер Варт го обвини Роналдо за натпревар кој не постои

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт упати критики на сметка на Кристијано Роналдо за периодот кога заедно го делеа дресот на „кралевите“. Сепак, постои еден мал проблем бидејќи натпреварот за кој говореше воопшто не се играл. Во „кралскиот клуб“ тој помина две сезони, а само во една играше заедно со Кристијано Роналдо. Тој се потсети на натпревар против Спортинг Хихон кој неговиот тим го добил со 6-0,  а тој постигнал хет-трик.

„Играв со Кристијано. Кога на домашен терен победивме со 6-0, јас постигнав хет-трик, а тој не даде гол и поради тоа беше лут во соблекувалната. Нормална работа ќе беше да заминевме по мечот на пиво“, изјави Ван дер Варт. 

Сепак, Реал во тој период ниту еднаш не го совлада Спортинг Хихос со 6-0, ниту Холанѓанецот има постигнато хет-трик откако Роналдо стигнал на „Сантијаго Бернабеу“. Реал го има совладано Спортинг со 7-1 во првата сезона на Ван дер Варт во Реал, но тогаш член на тимот не бил Португалецот. Во сезоната 2009/2010 Реал го победил Спортинг со 6-0, но на мечот Ван дер Варт дал само два гола, а Роналдо еднаш се запишал во листата на стрелците.

Се вчитува...