Манчестер Сити синоќа го победи ПСЖ со 2-1 во натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите. ПСЖ го отвори овој двобој во 50. минута со голот на Мбапе, но потоа следуваше пресврт на Сити преку Стерлинг во 63. и Жезус во 76. минута.
ПСЖ е еден од најголемите фаворити за освојување на ЛШ, но многумина мислат дека не се во состојба да отидат до крај. Најмногу тоа се однесува на неможноста да играат квалитетен пресинг, во кој со своето незалагање предничи Меси. На тоа се осврна и легендарниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт.
„Тоа навистина ме растажува. Тоа е прашање на желба. Меси на теренот игра слабо ако не постигне гол или асистира. Овој натпревар го одигра лошо. Кога ќе го видите Роналдо, тој се бори и сака да ја одведе екипата на повисоко ниво. Меси се шетка по теренот и се прашувам како не му е срам? Почнувам да се нервирам поради тоа. Тој е играч каков што никогаш повеќе нема да се роди. Ваквиот пристап започна уште кај Куман, како да не сака да работи на теренот, треба да се угледа на Роналдо“, потенцираше Холанѓанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА