Ван Гал открива: Му кажав „не“ на Баерн Минхен

Преискусниот холандски стартег Луис ван Гал е без ангажман веќе две години. 72-годишникот последно седеше на клупата на репрезентацијата на Холандија, но замина од неа по елиминацијата од Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство одржано во Катар.

Ван Гал во последните години се бори и со ракот на простата, битка која ја доби па даде опширно интервју за „ЕСПН“. Во него откри и дека имал шанса повторно да седне на клупата на Баерн Минхен, но ја одбил понудата на германскиот гигант пред се поради фактот дека не сака да има клупски ангажман.

„Сега повторно сум релативно здрав. Можам да работам, но не како клупски тренер. Ме бараше Баерн пред да го именуваат Компани. Како селектор си зафатен во неколку периоди во текот на годината и ги скаутираш играчите со твојот штаб“, вели Ван Гал.

Ван Гал го предводеше Баерн Минхен од 2009 до 2011 година. Претходно работеше и во Ајакс и Барселона, а од 2014 до 2016 година беше дел и од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...