Ван Ујтванк: Лезбијка сум и тоа не е ништо заразно…

Алисон ван Ујтванк го привлече врз себе вниманието со победата над шампионката Мугуруза во второто коло од Вимблдон, по што 24-годишната Белгијка ги шокираше присутните во арената споделувајќи бакнеж со својата девојка Грет Минем, исто така тенисерка.

Вимблдон важи за турнир во кој традиционалните вредности се многу важни и ваквиот гест беше посочен како непримерен, но Ван Јутванк останува на ставот дека не сторила ништо лошо, туку само ја споделила својата среќа со најблиските.

„Не станува збор за тоа дали сега се чувствувам послободно од претходно, едноставно сакав да сторам нешто, доста ми беше од криење. Бев среќна и сакав да го поделам тоа, најмалку важно е дали со маж или со жена. Никој не треба да се срами, лезбијка сум и тоа не е ништо заразно, мислам дека е добро што токму на најголемиот турнир ги открив своите чувства на оваа тема“ – истакна Ван Ујтванк.

 

Се вчитува...