Ванда: Икарди никогаш нема да премине во Јувентус, а ПСЖ е поголем тим од Интер

Сопругата и агент на аргентинскиот фудбалер и ас на Пари Сен Жермен Мауро Икарди, Ванда Нара вели дека не се вистина шпекулациите околу преминувањето на нејзиниот сопруг во редовите на Јувентус.

„Нема ништо од Мауровото преминување во Јувентус. Неговата сегашност и иднина е исклучиво поврзана со Пари Сен Жермен, кој сака да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната. Мене лично ме интересира само неговата среќа, а тој е среќен во Париз. Како и да не биде среќен кога игра за еден од најдобрите клубови во светот, кој го избра како не би го издал Интер. Не знам кој го избрка од Интер, но мило ми е бидејќи дојде во далеку поголем и поквалитетен тим“, изјави Ванда. 

Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со германската Борусија Дортмунд.

Се вчитува...