Ванда Нара го „пецна“ и Лукаку: Каде си на големите натпревари?

Ромелу Лукаку експресно ги освои симпатиите во таборот на Интер, како со постигнатите голови, така и со несебичниот карактер што белгискиот ас го покажува на теренот, но и надвор од него. Во редовите на „нероаѕурите“ на Белгиецот гледаат како на чиста спротивност на егоистичниот екс-капитен Мауро Икарди, па затоа „повикана“ се почувствува сопругата на Аргентинецот, Ванда Нара.

„Би било добро кога би го воделе Лукаку и на големите натпревари. Тој не даде ниту еден гол во Лигата на шампионите, па сега ќе ја гледа нокаут фазата од ЛШ на својот телевизор“ – порача Ванда Нара.

Сопругата на Икарди, која воедно е и менаџерка на аргентинскиот голгетер, беше посочена како главна виновничка што Аргентинецот минатото лето си замина од Интер и се пресели во ПСЖ. Веќе е и повеќе од јасно дека за Икарди нема идниан во Милано, па се очекува ПСЖ во најскоро време целосно да го откупи неговиот договор со „нероаѕурите“.

Се вчитува...