Сагата околу аргентинскиот напачач Мауро Икарди се уште трае. Секојдневно се менуваат приказните дали ќе замине од Интер човекот кој е најомразен меѓу навивачите на „нераѕурите“ поради своето однесување.
Аргентинецот на несоодветен начин покажа дека сака на крајот од сезоната да го напушти Интер иако често тврди дека тоа е клубот во кој сака да остане што подолго. Но, со одбивањето на новиот договор им даде до знаење на челниците на Интер дека може да си бараат нов офанзивец.
Сепак, се чини дека оваа ситуација доби уште еден пресврт откако се огласи неговата сопруга Ванда Нара која сега тврди дека Икарди сака да остане во Интер.
„Мауро сака да остане и тоа е негов избор. Ако Спалети сака да остане во Интер уште 100 години тогаш Мауро ќе остане уште 150 години. Тој тоа ќе ви го одговори ако го прашате“ – вели Ванда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА