Ванда: Не е сигурно дека Икарди ќе остане во Париз

Не е сигурно дека Мауро Икарди ќе остане во Пари Сен Жермен, вели неговата сопруга и менаџер Ванда Нара. Икарди во текот на летниот преоден рок стигна во Париз како позајмен фудбалер од Интер.

„Мауро ќе донесе одлука, но се уште ништо не е сигурно. Ќе видиме. Добро ми е во Франција и среќна сум поради него. Запознавме многу пријатели. Сигурно, не е идеална ситуација да патувам Париз – Рим – Милано, но јас тоа го можам“, изјави Нара. 

Францускиот гигант сака да го откупи договорот на Аргентинецот за 70 милиони евра, бидејќи годинава тој на 18 натпревари сезонава постигна 14 гола.

Се вчитува...