Ванда: Не сум со Мауро поради парите

Ванда Нара често е критикувана поради своите одлуки и потези, но упорно ги одбива сите напади велејќи дека како силна и успешна жена знае што сака во животот.

„Сите веруваат дека сум со Мауро поради парите, но се прават како да не знаат дека бев богата и пред врската со него. Бев богата бидејќи се борев за тоа. Понекогаш знам многу да се налутам, бидејќи многу ми велат дека сум ја уништила кариерата на Мауро“, изјави Ванда. 

Во моментов таа е во Париз, каде што нејзиниот сопруг Марио ги брани боите на ПСЖ.

Се вчитува...